Плановите на Apple за проширена реалност можеби ќе добијат важен ветар во грб. Имено, се појавија информации дека оваа компанија е во процес на преземање на компанијата NextVR, која се занимава со емитување на виртуелни настани. Како вредност на аквизицијата се споменува сума од околу 100 милиони долари. Иако оваа работа не е завршена, се споменува дека Apple ќе проба да ги префрли поголем дел од инженерите на NextVR во Купертино.
Во овој момент не е сигурно што Apple има намера да направи со компанијата NextVR, која е најпозната по своите virtual reality верзии на концерти и спортски настани. Познато е дека NextVR во последните неколку години е во финансиски проблеми и дека минатата година изгуби дел од очекуваните инвестиции, бидејќи виртуелната реалност се полека излегува од фокус, во корист на AR.
Се верува дека Apple планира да го искористи know-how на оваа компанија за да ја префрли на проширена реалност, можеби за некоја AR кацига или уред кој планира да го понуди во иднина.
Поврзани артикли