Претстојната Honor Play 4T серија паметни телефони се очекува на 9. април, а веќе имавме прилика да ги видиме фотографиите и спецификациите на двата уреда – Play 4T и Play 4T Pro. Сега на Honor Weibo страниците се појавија тизери кои ги потврдуваат главните катактеристики на двата смартфона.
Двата телефона ги покренува Kirin 810 чипсет, а имаат 48MP главни камери и 4000mAh батерии со поддршка за брзо полнење. Ова се поклопува со претходно протечените информации.
Тоа сугерира и дека деталите, кои претходно се појавија, исто така се точни, па можеме да очекуваме Play 4T Pro да има 6.3-инчен OLED панел со FHD+ резолуција, сензор за отпечатоци од прсти во екранот и 16MP селфи камера. На задната страна се очекуваат три камери (48MP + 8MP + 2MP). Телефонот ќе пристигне во 6GB/128GB i 8GB/256GB конфигурации за RAM и простор за складирање.
Honor Play 4T се очекува со 6.39-инчен HD+ IPS екран со punch-hole отвор за 8MP селфи камера. На задната страна се наоѓаат 48MP главна камера и 2MP сензор за длабочина, како и сензор за отпечаток од прст.
Поврзани артикли