Honor 30 ќе биде претставен на 15. април, а гласините сугерираа дека ќе 50MP Sony IMX7xx. Овие гласини се испоставија како точни, а се појави и фотографија од телефонот, која ја потврдува 50 мегапикселната камера со Sony IMX700 сензор.
Иако нема многу детали за IMX700 сензорот, изворите сугерираат дека се работи за најголемиот индустриски, прилагоден сензор на Sony. Тоа значи дека би требало да биде во ранг на 1/1.28″ сензорот од Huawei P40 линијата.
Фотографијата потврдува и дека покрај 50MP главна камера, ќе постојат уште три камери, од кои едната има перископ модул. Сензорите се сместени во правоаголен систем, каде што се наоѓа и dual-LED блиц.
На фотографијата може да се види и секундарен микрофон во врвот, IR бластер, како и 3,5 мм приклучок за слушалки. Во горната рамка се видливи линии за антената, што значи дека Honor 30 има метално куќиште.
Од десната страна на рамката се наоѓа копче кое би можело да служи за контрола на звукот, додека копчето за вклучување ќе биде сместено под него.
Можно е дека во текот на следнуте денови ќе имаме уште повеќе детали за Honor 30 и Honor 30 Pro моделите, како што се приближува нивната објава.