Популарниот видео сервис YouTube има нов проект, а тоа е апликацијата Shorts која е замислена како директен ривал на популарната TikTok.
Целта на YouTube e да креира апликација која ќе биде конкуренција на TikTok и која ќе им овозможи на корисниците да ги објавуваат своите интересни кратки содржини. Наводно, апликацијата ќе биде наречена Shorts.
Оваа апликација ќе им овозможи на корисниците да објавуваат кратки видеа, а на располагање ќе им биде лиценцираната и популарна музика која ја има на YouTube каналот.
YouTube очигледно сака дел од колачот бидејќи TikTok стана многу популарна апликација, а според податоците објавени во јануари – апликацијата има стотина милиони корисници.
Ова не е првпат YouTube да има одговор на други опции кои се појавуваат на познатите социјални мрежи. Тие направија слична верзија на Instagram Stories.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли