Samsung е голем конгломерат кој има голем број посебни компании и филијали. Една од нив е и Samsung Electronics (одделение кое ја развива Galaxy линијата мобилни уреди), а друга е Samsung Display, што произведува екрани за телефони, ТВ уреди, монитори и други уреди.
Според извештајот од Јужна Кореја, Samsung Electronics планира да развие сопствен флексибилен панел, без помош од Samsung Display. Причина за тоа е што компанијата сака да ја намали цената на дисплеите и технологијата сака да ја направи подостапна во иднина.
Моментно смартфоните, како што е Galaxy Z Flip имаат екстремно тенок стаклен панел што се свиткува, а не се крши токму поради својата мала дебелина. Меѓутоа, компанијата Samsung смета дека дивизијата Samsung Display моментно не може да креира подебел панел со помалку набори, кога се свиткува панелот.
Целта на новото одделение на флексибилни дисплеи, во рамките на Samsung Electronics дивизијата е да се намали цената и да се растовари Samsung Display дивизијата, а да се заджи високиот квалитет и перформансите на технологијата, која е креирана под покровителство на Samsung.