Британскиот производител објави дека започнал со развој на својот прв EV модел
Bentley сака да се зацврсти на позицијата лидер во луксузниот сегмент кога станува збор за одржливост и заштита на животната средина, а како што велат тие, за да биде така треба да понудат електричен автомобил.
Затоа, одделот за дизајн и истражувачко-развојниот центар веќе започнале да работат на концептно возило кое треба да биде многу близу до крајното, сериско издание. Како главен предизвик се наведуваат доволно голема автономија за движење, голема аеродинамичност, нормално и батерии со голем капацитет.
Првиот човек на производителот од островот, Адријан Холмарк, повеќе пати има нагласено дека му се допаѓа тоа што Jaguar го направи со I-Pace, но и дека Bentley сака да направи нешто поимпресивно и чекор напред. Холмарк верува дека кај моделите на струја може да се „игра“ со каросеријата, и затоа сака Bentley да понуди седан на батерии со висок клиренс.
Сосема е сигурно дека ако се случи тоа, британскиот бренд ќе биде еден од ретките, ако не и единствениот, да има таков модел во своето портфолио.
Извршниот директор на Bentley посочува дека брендот тргнал кон електрификација и тука нема враќање назад.
„Во претходните 100 години, работевме напорно за да ги рафинираме нашите SUS единици, а следните 10 години ќе се обидеме да ги елиминираме од понудата“, вели Холмарк.
Тој потврдува дека Bentley ќе ја забрза работата околу електрификација на целата гама, така што од 2023 година сите автомобили од овој бренд ќе имаат хибридна варијанта. По премиерата на првиот EV во 2025 година, се очекува Bentley наскоро да лансира и друг електричен автомобил, за кој засега нема практично никакви веродостојни информации.
Извор: Додај Гас