Двајца студенти победиле на националниот натпревар за најдобра студентска идеја за 2018 година во Србија со нивниот проект наречен SmartWalk, што всушност претставува паметен тепих.

Жељко Поповиќ и Владимир Винчан се студенти на четврта година на Факултетот за енергетика, електроника и телекомуникации.

Основната идеја за тепихот SmartWalk е да ја претвори механичката енергија од чекорите на луѓето во електрична енергија.

Студентите планираат во наредниот период да го реализираат првиот прототип на паметниот тепих што ќе го постават пред влезот на нивниот факултет во Нови Сад.