WhatsApp важи за една од најпопуларните апликации за размена на пораки, но секако не е совршена. Еден е од најголемите недостатоци на WhatsApp е што апликацијата не е можно да се користи на повеќе уреди. Барем засега.
Сајтот WABetaInfo откри дека програмерите на WhatsApp наскоро ќе ја претстават оваа можност. Функцијата најпрвин била откриена во ноември, 2019. година, а во најновата WhatsApp бета можат да се пронајдат референци за тоа дека пристигнува поддршката за повеќе мобилни уреди.
Testing ?
When someone adds a new device in his WhatsApp account, you will be notified because encryption keys change.Available in future for iOS and Android! pic.twitter.com/WqrM6cRHWW
— WABetaInfo (@WABetaInfo) March 24, 2020
Доколку ова се обистини, корисниците наскоро би можеле да бидат во прилика да го употребуваат својот WhatsApp профил на повеќе уреди, како што се мобилниот телефон и таблет. Новата функција ќе им овозможи на корисниците да ги верификуваат своите профили на изворната WhatsApp апликација на повеќе уреди.
Со оглед на тоа дека функцијата се уште е во развој, не е познато како ова би функционирало.
Поврзани артикли