Се уште необјавениот смартфон на Xiaomi, со ознака на модел M2004J11G е сертификуван од руската EEC агенција.

Моментно не постојат многу детали за споменатиот уред. Дојавувачот Мукул Шарма, од друга страна, верува дека во прашање е POCO F2.

Нешто претходно, генералниот менаџер на POCO дивизијата во Индија истакна дека POCO F2 нема да пристигне како ребрендиран Redmi K30 Pro. Тоа сугерира дека во прашање е премиум телефон, кој е дизајниран и развиен од POCO тимот.

Некои гласини сугерираат дека POCO F2 ќе биде најевтин премиум телефон на пазарот, кој ќе имплементира Snapdragon 865 чипсет.