Набргу по почетокот на производството заштитни визири и дизајнирање на нова опрема за заштита, Ford се свртува кон производство на респиратори
По General Motors, и Ford во наредните месеци ќе произведува респиратори. Во соработка со GE Healthcare, Ford за 20 април најави отворање на производство во својата фабрика во Мичиген. Планот за производство е многу специфичен и вели дека ќе бидат произведени 1.500 респиратори до крајот на април, односно 12.000 до крајот на мај. Идејата е производството да трае минимум 100 дена, во кои ќе се произведат дури 50.000 респиратори. Целта треба да се постигне на 4 јули, а потоа производството да продолжи во зависност од потребите.
Ако се прашувате зошто производството започнува дури за три недели, одговорот е технолошки. Поточно, производството на респиратори е проект на компанијата Airon, така што тим од експерти на Ford ќе мора да замине на Флорида за да се состане со специјалисти за медицинска опрема за да се организира трансфер на технологија.
Она што исто така е интересно е дека на овој респиратор не му е потребна електрична енергија, туку има пневматски погон со компримиран воздух.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли