Radio Garden е еден од оние сајтови кои кога прв пат ќе ги пронајдете апсолутно ќе се воодушевите. Тоа не мора да биде одличен дизајн, нитуа неверојатна содржина. На Radio Garden, тоа дефинитивно не е случај, бидејќи самата веб-страница наизглед е едноставна, а на неа се наоѓаат сите радио станици во светот.

Меѓутоа, кога ќе сфатите дека глобусот пред вас е интерактивен и дека со самото свртување на глобусот ги менувате станиците, но и дека со покажување на одредено место можете да слушнете нечија локална музика, тогаш се станува многу поинтересно.

Моделот на земјата која се користи на сајтот се вика Cesium, а она што е интересно е дека тој 3D глобус, исто така, се користи и за други намени, бидејќи сервисот е со „отворен код“. Радио станиците се распоредени на планетата, како и во реалниот свет, а постои и можност да ги изберете омилените станици со клик на иконата на срце во горниот десен агол.

Овој интересен сервис има и свои Android и iOS апликации, кои се бесплатни.