Основачот на Amazon, Џеф Безос заработи уште 5,5 милијарди долари од почетокот на пандемијата.
Најбогатиот човек на светот денес тежи неверојатни 120 милијарди долари. Безос се спаси од голема криза во февруари, кога продаде голем пакет акции на Amazon, вредени 3,4 милијарди американски долари, непосредно пред што нивната цена на светскиот пазар го достигна врвот, пред да биде прогласена пандемијата на злобниот вирус.
На почетокот на март, светските берзи доживеаа зачудувачки пад, што Безос дури и не го почувствува. Според последните информации, Безос сè уште поседува 12 проценти од Amazon, компанија што ја основал во гаражата како онлајн продавница за книги.
Поврзани артикли