Израелскиот извор (The Verifier) чии информации ги пренесува 9to5Mac наведува информации за Apple Watch 6 паметниот часовник. Се споменува Touch ID во дигиталната круна, каде е веќе присутна ECG компонентата, за да се овозможи автентикацијата со отпечаток од прст, кога паметниот часовник не е поврзан со iPhone уредот.
Другите новини се LTE, подобра водоотпорност, а се споменува и мерач за заситеност на крвта со кислород (траги за оваа опција достапни се и преку новиот iOS 14 систем). Тука е и новата опција за следење на сонот која доаѓа на watchOS 7 системот (Apple Watch Series 2 нема да биде поддржан).
The Verifier споменува и една генерација по Apple Watch 6 моделот и тврди дека Apple Watch 7 ќе има Touch ID сместен под екранот.
Аналитичарот Минг-Чи Куо од друга страна споменува дека Apple следната година ќе се одлучи и на враќање на Touch ID функционалноста и на iPhone, во овој случај на нивниот entry-level модел на iPhone. Touch ID повеќе нема да биде сместен во Home копчето, туку од страна.