„Матичните ќелии можат да го натераат нашиот имун систем да работи подобро во моментите кога сме во многу тешка здравствена состојба. Можат да спречат реакции во организмот и да ја намалат тежината на самата болест“.
Кинеските експерти вчера објавија вест дека со коронавирусот се бореле и преку матични ќелии. Како што соопштиле, матичните ќелии можат да му помогнат на пациентот кој што е во критична здравствена состојба.
„Матичните ќелии помагаат состојбата на овие пацинети да се доведе до помалку потешка и тие да преживеат. Познато е дека тие имаат широка употреба во последниве 10 години и активно се применуваат кај тешко заболените случаи, поточно во последните стадиуми од болеста. Кога кај пациентите кои што се заразени од коронавирусот ќе дојде до напад на белите дробови, се појавува таканаречено “цитокинско невреме“, со помал или пак поголем успех“ – вели д-р Џихан Абазовиќ, потпретседател на Здружението „SEEBRA“.
Како што додава тој, Кинезите во јануари почнале да употребуваат матични ќелии во борбата против коронавирусот и виделе дека тоа има добар резултат.
„Матичните ќелии можат да го натераат нашиот имун систем да работи подобро во моментите кога нашата здравствена состојба е влошена. Можат да спречат реакции во организмот и да ја намалат тежината на болеста“ – вели д-р Абазовиќ.
Кинеските доктори почнале да ги лечат пациентите со матични ќелии кога ги исцрпиле сите останати можности, и тоа кај оние кои што биле во многу тешка здравствена состојба.
„Тие пациенти беа излечени“ – вели д-р Абазовиќ.
Тој исто така објаснил дека матичните ќелии не можат да го уништат вирусот и дека терапијата може да се примени додека не се развие клиничка слика.
„Кога нашиот пациент ќе почне да колабира, тоа е првиот момент за примена на матичните ќелии. Не мора дури ниту да постои ни донор затоа што постои банка каде што се одгледуваат матични ќелии со истражувачка намена. Моментално кај нас е таква ситуацијата што ваков производ не може да се направи, но може да се користи доколку набавиме“ – изјавил д-р Абазовиќ.
Извор: Telegraf.rs