Бидејќи поголемиот дел од граѓаните се затворени во своите домови, а за да се спречи ширењето на коронавирусот, видео повиците станаа основно средство за комуникација. Токму поради тоа Google ја унапреди популарната чет апликацијата Duo, и бројот на учесници во еден разговор ги зголеми на 12.
Компанијата додаде групни повици на Duo на почетокот на 2019. година, а максималниот број на учесници одеше до осум корисници. Ако овој број се спореду со 50 можни корисници, колку што дозволува Skype, и 32, колку што може да поднесе FaceTime, доаѓа до заклучок дека се работи за прилично ограничена понуда. Google Meet во рамките на Hangouts апликацијата дозволува до 100 ученици, но само во случај да се корисниците на G-Suite бизнис пакетите.
We are grateful that Duo is helping users see their loved ones all around the world. We recognize group calling is particularly critical right now. We have increased group calling from 8 participants to 12 effective today. More to come. #AllInThisTogether #COVID19
— Sanaz (@sanazahari) March 27, 2020
Новата опција за Duo апликацијата пристигнува во вистински момент, а 12 е задоволувачка бројка кога се во прашање приватните разговори, бидејќи разговорот се комплицира пропорционално на бројот на учесници.