Според познатите информации, LG кон крајот на овој месец би требало да претстави нов смартфон од G серијата. Новиот модел пристигнува под името G9 и со него LG ќе ја покрие својата понуда телефони од средниот сегмент. Минатогодишниот G8 така стана последниот флегшип од G серијата, а во иднина флегшип телефоните од овој производител ќе пристигнуваат исклучиво во рамки на серијата V.
LG G9 поради тоа ќе има послаб чип – Snapdragon 765G, кој е Qualcomm чип за телефоните од средната класа. Смартфонот ќе биде опремен со нешто поголем екран во однос на G8. Според изворот, дијагоналата ќе му изнесува помеѓу 6,7 и 6,9 инчи. Да потсетиме, дијагоналата на екранот на G8 изнесува 6,1 инчи.
Изворот наведува и дека уредот ќе има OLED екран со резолуција 1080p. Со тоа LG најверојатно ќе проба да им надомести на љубителите на G серијата. Како дел од искупувањето е и задржувањето на 3,5-милиметарскиот конектор за слушалки.
Се споменува уште и Quad DAC и батерија од 4.000 mAh. Како и поголемиот дел други телефони, G9 од предната страна ќе има една, а од задната страна четири камери. Цената би требало да му биде околу 660 евра.