Samsung Galaxy Note20 линијата телефони се очекува во текот на втората половина на годината. Досега во неколку наврати имавме прилика да слушнеме протечени информации за Galaxy Note 20 моделите, а дојавувачите во последните денови сугерираа дека Galaxy Note20 хардверските спецификации нема премногу да се разликуваат од Galaxy S20 серијата, а ова ги вклучува и камерите.
Дојавувачот Max Weinbach истакна дека на Galaxy Note20 серијата можеме да гледаме како на S20 серија до додаток на S Pen поддршка и засечени агли на куќиштето.
Сајтот LetsGoDigital и дизајнерот Concept Creator се здружија за да ги креираат рендерите на Samsung Galaxy Note20 Plus телефонот, а рендерите се засновани на претходно протечените информации за уредот.
Samsung Galaxy Note20 Plus, според гласините, би требало да има 6,9 или 7-инчен Super AMOLED дисплеј со QHD+ резолуција и 120Hz освежување.
Се очекуваат и подобри камери во однос на Galaxy Note10 Plus, а би можеле да бидат слични на годинашниот S20 Ultra модел (108MP главна, 48MP телефото, 12MP широкоаголна). Хардверските подобрувања во однос на Note10 Plus ќе ги следи и поголемата батерија, со подобра опција за полнење. Се очекува и батерија од 4800mAh и поддршка за полнење од барем 45W.
Европската варијанта на Galaxy Note20 серијата веројатно ќе ја покренува Exynos 990 чипсет, креиран во 7nm процес, а постојат навестувања дека оваа година ќе биде достапен минимално 128GB простор за складирање. Што се однесува до меморијата, се очекува до 16GB RAM.