Новите извештаи сугерираат дека најмоќниот модел во рамките на годинашната iPhone линија ќе добие поголем сензор на камерата и „sensor-shift“ стабилизација на сликата наместо постоечката оптичка стабилизација на сликата. Ова се однесува на потенцијалниот iPhone 12 Pro Max модел.
Прв пат информации за стабилизација заснована на сензор имавме во декември, а потоа аналитичарот Минг-Чи Куо сугерираше дека оваа функција ќе биде лимитирана за најмоќниот годинашен iPhone.
Kuo твррди дека 6,7-инчниот iPhone ќе има и нов камера модул за широкоаголниот сензор, познат како 7P. Во прашање е
1/1.9″ сензор (наспроти 1/3.6-инчниот од iPhone 11 Pro моделот), а ќе има и sensor-shift технологија.
Најголемата измена во однос на претходните гласини е големината на сензорот, која би требало да влијае на квалитетот на фотографиите, посебно во услову на послабо осветлување.
Минг-Чи Куо очекува дека оваа подобрена технологија на камерите ќе биде имплементирана и во останатите iPhone модели следната година. Тој, исто така, сугерира дека телефото објективот ќе биде следниот кој ќе има корист од sensor-shift стабилизацијата.