Познатиот бренд Honor продолжи да ја проширува понудата на „паметни“ телефони, а нов член на семејството стана Honor Magic4 Lite.

Досега, Honor Magic4 Lite е достапен во Франција само во една мемориска конфигурација, со 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија. Клиентите можат да изберат од три бои, имено Ocean сино, Titanium сребрено и Midnight црно.

Уредот работи на Qualcomm’s Snapdragon 695 proceosr и доаѓа со сите услуги на Google Play.

Magic4 Lite доби голем 6,81-инчен IPS LCD екран со резолуција од 1.080×2.388 пиксели и брзина на освежување од 120Hz. Назад се наоѓа главна камера од 48 MP, макро од 2 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Селфи камерата од 16 MP се наоѓа напред.

Едно нешто што Lite го споделува со Magic4 е батеријата од 4.800 mAh, која поддржува полнење од 66 W. Треба да биде доволно брз за да се полни до 80 проценти од капацитетот за 30 минути.

Засега не е познато колку ќе чини смартфонот, но се очекува цената да биде околу 275 евра.