Растот на побарувачката за 5G паметни телефони, кои треба да го преплават пазарот, нема да помогне во неговото спасување од колапс, објави компанијата Samsung. Ова практично значи дека штетата од епидемијата на коронавирусот е економски далеку поголема од онаа која е проценета, и дека во прашање е што понатаму ќе се случува. Паметните телефони кои треба да бидат лансирани во текот на оваа година нема да доведат до стабилизација на пазарот.
Пред да избие кризата, најголемиот светски производител на мобилни телефони очекуваше дека побарувачката ќе порасне, што е нормален тек на околностите. Со пандемијата која во меѓувреме стана глобална, овие очекување се исклучително нереални и се очекува пад на продажбата од над 10 проценти на годишно ниво во целиот свет. Тоа е удар за сите компании кои се занимаваат со производство на смартфони.
Од Samsung најавуваат дека побарувачката за 5G уреди секако ќе расте и во текот на оваа година, но тоа ни одблиску нема да биде доволно да го ублажи падот на продажбата, кој се уште во тек од месец јануари. Apple ги затвори продавниците ширум светот, MWC саемот во Барселона е откажан, а и останатите производители ги поместија своите премиери или целосно ги откажаа.
Поврзани артикли