Смартфонот ќе има 5,7-инчен Quad HD заоблен AMOLED дисплеј

Се очекува дека Xiaomi наскоро ќе ги објави на наследникот на Mi Note 2 телефонот/фаблет, а според она што досега беше откриено, ова би можел да биде најдобриот фаблет уред во 2017 година. Уредот за кој имавме доста информации во последните месеци, сега се појави на уште една фотографија, пред официјалната објава.

Се очекува Xiaomi Mi Note 3 да биде претставен во текот на овој месец, но точниот датум моментно не се знае. Кога се во прашање спецификациите, знаеме дека смартфонот ќе има 5,7-инчен Quad HD заоблен AMOLED дисплеј, 6 или 8 GB RAM и 128 или 256 GB простор за складирање. Уредот ќе работи на Snapdragon 835 процесорот и ќе има батерија од 4000mAh. На задната страна на фаблетот ќе се наоѓаат две 12 мегапикселни камери, додека на предната страна ќе биде присутна 8 мегапикселна камера.

Кога е во прашање цената, се очекува дека Xiaomi Mi Note 3 ќе има почетна цена од околу 450 долари.