Додека во светот владее пандемија на коронавирусот, тимот научници од Универзитетот во Пенсилванија непречено ја извршува својата работа, благодарение на што откри уште 139 мали планети во нашиот соларен систем.

Новооткриените небески тела се толку мали што не можат да бидат „вистински“ планети, но не се ни обични „вселенски камења“. Научниците во објавениот труд објаснија дека малите планети се во близина на Нептун, поради што го добија името „транс-Нептун објекти“. Најпознат од семејството е Плутон, кој долго се сметаше за планета, а сега е веќе очигледно дека покрај стандардните планети, во нашиот систем има и повеќе мали планети.

Новото откритие би можело да ја забрза и потрагата по мистериозната Планета 9, за која многумина веруваат дека е деветта планета во нашиот соларен систем, и дека со својата гравитација влијае на движењето на објектите надвор од орбитата на Нептун.