Бидејќи е толку едноставна за употреба, страницата за филмови „Popcorn Time“ стана веднаш популарна по објавувањето во 2014 кога истата година стана и мета на филмската индустрија.

Услугата беше затворена повеќе пати со налог од американските судови, полициските рации и IP блоковите низ целиот свет помеѓу 2014 до денес.

Апликацијата и веб страницата со отворен пристап беше фалсификувана неколку пати и работеше наизменично, но во голема мерка остана офлајн во последните неколку години.

Во последните неколку дена, се појави нова верзија на „Popcorn Time“, верзија 4.0 која има побогата и целосно променета содржина како и понуда на филмови и серии.

Новата апликација работи исто како и претходните верзии, бесплатно и им наметнува на луѓето да користат виртуелни приватни мрежи за да избегнат употреба на апликација која веќе е откриена од страна на нивните интернет провајдери.

Апликацијата е повторно достапна додека многумина ширум светот се наоѓаат во карантин поради коронавирусот, а исто така доаѓа и во време кога пиратеријата станува се попопуларна.

Други верзии и вариации што ја даваат сличната услуга со отворен извор како „Popcorn Time“ се исто така активни.

Повеќето филмови и тв серии без разлика дали се работи за стари или новоизлезени, повторно се достапни и може да се погледнат, но сепак се работи за пиратски филмови преки кои хакерите можат да ги користат вашите лични информации за разни цели.