На почетокот на неделата Google најави дека новиот Gmail ќе им биде достапен на сите во јули, а до октомври оваа година стариот ќе биде угасен.

Новиот Gmail моментно е достапен во Early Adopter програмата со опција на испробување, пред да биде достапен за сите.

Во првите осум недели, сопствениците на мејлот ќе можат да изберат дали да го мигираат или да го задржат новиот Gmail, однодно Google ќе му допушти на секого да направи избор, по што автоматски ќе се префрли на новиот дизајн.

Погледнете во видеото како ќе изгледа новиот Gmail: