Шеснаесетинчниот MacBook Pro повеќе не е единствениот лаптоп на Apple со сигурна тастатура. Apple го унапреди и својот MacBook Air со таканаречената Magic keyboard (магична тастатура), каде е отфрлен контроверзниот butterfly од претходната генерација. Тастатурата сега има идентичен „key travel“ од 1mm како кај 16-инчниот MacBook Pro модел.
Новиот Air нуди значително подобри перформанси, со Intel процесори од десеттата генерација, однодно quad-core процесорите Core i5 и i7. Исто така, графиката доби значајно унапредување на перформансите, иако останува под знак прашање до која мерка. Apple наведува дека графичките перформанси на Intel Iris Plus чипот сега се 80 проценти подобри отколку кај претходникот, но тоа тврдење треба да го земеме со резерва.
Она што е неоспорно е дека новиот модел сега доаѓа со двојно поголемо поголем простор за складирање, бидејќи сега стартува со капацитет на SSD од 256 GB, што е можно да се прошири се до 2TB.
Сепак, најдобрите вести се однесуваат на цената. За разлика од претходникот кој чини 1099 долари, новиот MacBook Air 2020 во основната варијанта ќе биде поевтин и ќе се продава по цена од 999 долари.