Samsung минатиот месец го претстави Galaxy M31, а сега на ред дојде да биде официјализиран и Galaxy M21. Главната разлика помеѓу двата модела е во доменот на камерите.

Galaxy M31 има четири камери на задната страна (64MP + 8MP ултраширока + 5MP макро + 5MP сензор на длабочина), додека M21 има три камери, со 48MP главен сензор и 5MP сензор на длабочина. Селфи камерата на Galaxy M21 моделот има 20MP сензор.

Телефонот е тежок 188 грама, што е за три грама помалку од M31. Galaxy M21 според останатите карактеристики одговара на M31 моделот. Го покренува Exynos 9611 чипсет и пристигнува во две верзии на меморија и простор за складирање: 4GB/64GB и 6GB/128GB. Уредот работи под Android One UI 2.0 интерфејс и има microSD слот за проширување на складирањето до 512GB.

Galaxy M21 користи 6.4″ FullHD+ sAMOLED дисплеј, го напојува 6000mAh батерија со полнење до 15W преку USB-C порт. Телефонот на задната страна има и сензор за отпечатоци од прсти.

M21 ќе биде достапен во Raven Black и Midnight Blue варијанти, по цена од околу 175 долари за 4GB/64GB модел (не е објавена цена за 6GB/128GB варијанта).