Голем број корисници на социјалните мрежи вчера се пожалија дека Facebook ги блокира нивните легитимни статии и медиумски содржини за новиот коронавирус, објави „Бизнис инсајдер“, додавајќи оти најверојатно станува збор за „баг“ (грешка) во филтрите за „спам“ на Facebook.
Корисниците на Facebook вчера на Twitter објавија дека не се во можност да објават статии и содржини за Ковид-19 од „Бизнис инсајдер“, „БазФед“, „Атлантик“ и „Тајмс оф Израел“.
Facebook не одговори иако беше запрашан од „Бизнис инсајдер“.
Весникот наведува дека поради новиот коронавирус голем број модератори на Facebook се испратени дома и социјалната мрежа се потпира на автоматизираните програмски алатки.