Македонија и Грција од наесен ќе ги намалат цените во роаминг меѓу двете држави, информираше министерот за информитика и администрација Дамјан Манчевски, по средбата со неговиот грчки колега Никос Папас на Меѓународниот саем во Солун, соопшти владината прес-служба.

„На средбата со грчкиот колега, министерот Папас, ги продолживме разговорите за потпишување договор меѓу двете држави за намалување на цените во роаминг за нашите граѓани. Како заклучок од средбата со задоволство можам да кажам дека во текот на септември ќе објавиме и конкретен договор за почнување на процесот за намалување на цените во роаминг“, изјави Манчевски.