Honor храбро и одлучно чекори напред како самостојна компанија и сега ги патентираше имињата на своите идни уреди, кои судејќи според се ќе имаат преклопни механизми.

Honor се одвои од Huawei и сега има намера да влезе на пазарот на флексибилни уреди. Поради тоа, компанијата патентираше најмалку три нови имиња на уреди, а тоа се Magic Flip, Magic Fold и Magic Flex.

Сето ова не гарантира дека Honor ќе ги претстави споменатите уреди, ниту постои некој потенцијален рок за пристигнување на овие уреди, но дефинитивно е индикатор дека компанијата размислува за своите можности. Покрај тоа, треба да се очекува Honor да ја усвои новата форма на уредите, порано отколку подоцна.

На листата на патенти се уште некои други уреди како што рутери, слушалки, нови таблети, услуги за споделување и пенкала.

Доколку навистина се појават во продажба, може да се очекува многу од овие уреди да бидат достапни и на пазарите надвор од Кина. Ова е сосема логично бидејќи целта на независноста на Honor е да ги задржи позициите на глобалниот пазар.