Wizz Air денес објави дека како резултат на значително поголемиот обем на откажани летови поради ограничувањата на патувања, наметнати како борба против ширењето на пандемијата COVID-19, го автоматизираше процесот на рефундацијана афектираните клиенти со автоматско поставување на 120% од оригиналната цена во делот на WIZZ кредитите на сметките на своите клиенти.

Паралелно со воведувањето на автоматскиот процес на рефундација, авиокомпанијата привремено ќе ги оневозможи своите опции за онлајн регистрација најдоцна до 14 април 2020 година за да се осигури дека може да се справи со откажувањата примени во последно време, чија бројка е зголемена повеќе од 100 пати. Wizz Air би сакал да ги увери сите свои клиенти дека дури и ако процесот потрае подолго од вообичаеното, сите побарувања ќе бидат решени и клиентите ќе имаат право на рефундација по откажаниот лет.

Додека автоматскиот процес на враќање на готовина за туристички агенции се развива со висок приоритет, Wizz Airљубезно ги замолува туристичките агенции да го контактираат центарот за повици на авиокомпанијата.

Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ги контактираат компаниите преку кои ги купиле своите билети. Во овој исклучително невообичаен период ве замолуваме да ги користите нашите платформи за само-послужување, кои се наведени во електронските пошти за да се намали колку што е можно повеќе користењето на нашите центри за повици кои и онака се премногу зафатени. Иако е надвор од границите на котрола на Wizz Air, авиокомпанијата се извинува за непријатностите како резултат на забраните за патување и откажувањето на летовите и ги уверува своите патници дека враќањето на средствата останува нивен приоритет.