Пакетот на канцелариски алатки на Google – G Suite овие денови бележи еден важен рекорд. Имено, забележани се над две милијарди активни корисници месечно.
Овој податок го објави Хавиер Солтеро, шефот на филијалата на Google за G Suite. Рекордни две милијарди корисници беа достигнати уште кон крајот на 2019. години, а планирани се и понатамошни подобрувања на услугата.
Планот е наместо поголем број самостојни апликации, во иднина да бидат понудени збир од повеќе апликации споени во кластери. Така е планирано претставување на унифицирана апликација, која ги комбинира Gmail, Drive и Hangouts. Што се однесува до самиот G Suite пакет, тој ги содржи апликациите како што се Gmail, Drive, Calendar, Docs и Hangouts.