Судот во Њу Хемпшир побара од Amazon увид во разговорите кои ги снимил паметниот звучник Echo, како и листа на уреди кои се поврзале на тој звучник.

Судот во случајот на убиството на двете жени во Њу Хемпшир ги побара од Amazon снимките на Echo паметниот звучник кој беше активен на местото на убиството.

Се работи за комплексен случај во кој еден маж се товари дека во јануари минатата година со нож ги убил споменатите жени во нивниот дом, а на судењето се изјаснил за невин.

Освен снимките кои ги објави Echo, судот официјално од Amazon ја побарал и листата на уреди кои во некој момент се поврзале на тој уред, со цел за да се открие кој бил присутен на местото на убиството во клучните моменти.

Amazon по повод ова барање упати официјално соопштение до Associated Press, во кое истакнува дека бараните податоци ќе се испорачат само и исклучиво при добивање валиден судски налог.