Сеавус, како најголема компанија во Македонија за развој на софтвер и консалтинг услуги, постојано ја следи состојбата со корона вирусот (COVID-19) во светот и како резултат на последниот развој на ситуацијата, им препорачувана сите свои вработени глобално,да работат од дома.

„Оваа превентивна мерка ќе започне од понеделник, 16 март и ќе трае до 22 март, со можност за дополнително известување. Според состојбата локално, онаму каде што се наоѓаат нашите канцеларии, можно е мерката да трае некаде подолго, а некаде пократко време“, соопштија од компанијата.

Сите канцеларии на Сеавус остануваат отворени и сите вработени кои не се во можност да работат од дома ќе можат да доаѓаат на работа.

„Сите канцеларии имаат обезебедно услови и средства за вработените да можат безбедно да работат од дома. Во таа смисла, работниот процес и нашите обврски кон клиентите нема да бидат афектирани. Нашата препорака за работа од дома е превентивна мерка. Сериозно ја земаме во предвид нашата одговорност да превеземе се што е во наша можност да се спречи ширењето на корона вирусот (COVID-19) и да ги заштитиме нашите вработени, а со тоа и нивните фамилии. Здравјето и безбедноста на сите е наша најголема грижа.

Оттука,  ве повикуваме сите да ја следите оваа наша одлука на претпазливост и социјално дистанцирање. За да се заштитите себеси и другите, информирајте се редовно за COVID -19 преку сајтот на Светската здравствена организација и следете ги информациите и инструкциите на Министерството за здравство“, велат од компанијата.