По Toyota, сега и Lexus се обидува да привлече клиенти преку неконвенционално рекламирање.
Она по што се Lexus се разликува од Toyota, е поголемата иновативност и подготвеноста да ги заинтригираат сопствениците на Tesla. Всушност рекламата е насочена токму кон нив: „Се забавувавте, но сега е време да направите избор без компромис“. Претпоставувате дека тој бескомпромисен избор е, секако, еден од моделите на Lexus.
Omg ??? @Tesla @Lexus pic.twitter.com/2RlxpHVvWv
— ? I Spotted a Tesla (@spotted_model) March 10, 2020
А што е според Lexus „избор без компромис“? Велат, побрзата испорака на резервни делови, отсуство на проблеми со автономијата и екстремно висок рејтинг од страна на J.D. Power за квалитет, сигурност и задоволство на клиентите.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли