При археолошки ископувања во Египет откриени се мумии кои датираат од 323 година п.н.е., но една од нив посебно го привлекува вниманието на светската јавност, оти наликува на вонземјанин, пренесува порталот „Њусинстакт“.

Многу од десетиците мумии во гробницата, се одлично сочувани, според египетското Министерство за антиквитети. Околу онаа што е најинтересна за уфолозите, пак, многу од нив тврдат дека жителите на древен Египет можеби имале контакт со вонземни хуманоиди, кои ги научиле Египќаните како да ги изградат пирамидите.

Сепак, има и такви што сметаат дека „мумијата со обоено лице како на вонземјанин“ има рационално објаснување и дека е многу можно да се работи за „добро изведена измама“.