Еве кои се најголемите опасности и како да се заштитите.

Нови напади на Android уредите се појавуваат секоја недела. Овој популарен софтвер е едноставна цел за сајбер-криминалците кои сакаат да украдат податоци и брзо да заработат од корисниците кои не се сомневаат во ништо. Еве кои се најголемите опасности и како да се заштитите.

Според процентките на една анти-вирус компанија, најголема закана по Андроид телефоните моментално е „Adware“, односно „Ad malware“. Тука спаѓаат злонамерни програми кои во вашиот телефон влегуваат преку разни огласи, а сочинуваат околу 70 проценти од тие опасности.

Можеби на прв поглед не звучи опасно, но adware е многу опасен поради тоа што на напаѓачите им дава едноставен пристап во голем број на уреди.

Постојат два главни adware видови.

Првиот, adware апликациите кои предизвикуваат попречување во работата на телефонот.

Втората и сериозна закана се „мамки“ кои, доколку макар и случајно кликнете на нив, можат на криминалците да им овозможат да ви наплаќаат месечен надомест за нешто, а вие за тоа да не знаете.

Често adware се маскира во апликации кои се во трендинг, што би биле или игри за андроид или социјални мрежи од било кој тип.

Еве неколку работи кои ќе ви помогнат да останете безбедни додека сте онлајн:

1. Преземајте само апликации од официјални продавници, како Google Play или App Gallery, бидејќи постои безбедносна мерка за проверка на апликацијата пред програмерите да ја преземат, или од интернет страната на самата апликација.

2. Проверете ги оценките на апликацијата од другите корисници во продавницата, бидејќи е важно да внимавате на измама. Ако апликацијата има неколку ѕвездички и многу нетативни коментари, веројатно тука нешто не е во ред.

3. Внимателно прегледајте ги дозволите кои апликацијата ги бара при преземањето – ако бара пристап до податоци кои не и се потребни за да функционира, би можело да има проблеми.

4. Проверете ги извештаите на своите кредитни картички за да утврдите дали има некои неовластени исплати. Ако се случи да имате ситни исплати од вашата сметка а не знаете зошто, можеби станува збор за сајбер-криминал.

Извор: vesti-online.com