Кинескиот експерт истакнал дека заразата од коронавирусот е многу голема и дека потребна е интервенција од владите на земјите ширум светот за истата да се контролира.

„Пандемијата од коронавирусот ќе заврши во месец јуни доколку земјите кои што се во тешка епидемиолошка ситуација ги преземат неопходните мерки“ – изјавил претседателот на специјалната експертска комисија при Државниот комитет за јавно здравје на Кина, Џунг Наншан.

„Мило ми е кога гледам дека веќе се преземаат мерки во Италија и Јужна Кореја. Таму веќе значително се намалува бројот на новозаболени лица. Доколку тоа биде така, очекуваме епидемијата да заврши во месец јуни“ – изјавил епидемиологот на конференцијата за новинари.

Тој исто така објаснил дека според некое “правило“, во текот на летото при релативно високи температури на воздухот, вирусот не може да остане многу активен па токму тогаш епидемијата ќе почне да опаѓа.

Кинескиот експерт исто така истакнал дека заразата од овој вирус е многу голема и дека потребна е огромна интервенција од владите на државите низ светот за истата да се контролира.

„Во некои земји, смртноста од овие болести е многу голема – Италија, Шпанија, САД, Франција. Тоа значи дека вниманието треба да биде насочено на епидемијата. Затоа што доколку ја погледнете Кина, стапката на смртни случаи во таа земја е околу три отсто, но всушност разликата е огромна. Во Вухан и провинцијата Хубеј стапката на смртни случаи достигнува 4.9 отсто, а надвор од Хубеј тој процент е многу понизок. Тоа значи дека навистина постојат строги мерки за контрола“ – објаснил Џунг.

Претходно портпаролот на државниот комитет за здравје на Кина, Ми Фен изјавил дека врвот на епидемијата Ковид-19 во Кина веќе е надминат.

Извор: Informer.rs