Во интерес на јавното здравје, Македонски Телеком се придржува до препораките на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство и ги презема сите неопходни мерки за заштита на своите вработени и корисниците, прилагодувајќи го работењето за да обезбеди непречена услуга.
Во услови на заострени мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот, им препорачува на корисниците да ги користат дигиталните канали за комуникација со компанијата, пред сè ТелекомМК апликацијата со која може да се управува со услугите и да се врши електронско плаќање, како и веб страница www.telekom.mk и каналите на социјалните медиуми.
„Тимовите за поддршка и справување со пречки и Контакт центарот обезбедуваат услуга, но со оглед на ситуацијата се работи со намален капацитет и постои можност од задоцнета интервенција во одредени услови, за што се надеваме на разбирање”, велат од компанијата.
„Континуирано ја следиме ситуацијата и препораките од надлежните институции и го прилагодуваме работењето во интерес на корисниците. За сите информации, следете ги нашите канали на социјалните медиуми”. додаваат тие.
Поврзани артикли