Huawei им се придружува на бројните компании, кои претставувањето на своите уреди ги преместија од физички простор на интернeт, за да го намалат ризикот од простирање на инфекцијата на коронавирус. Поради тоа, кинескиот гигант наместо во Париз, своите нови модели на паметни телефони од P40 серијата, ќе ги претстави онлајн, на 26. март. Од компанијата соопштија дека сакаат да обезбедат „заштита и комфор за сите“.

Како што може да се види на тизерот, годинашниот флегшип од P серијата ќе има голема испакнатина на задната страна, во рамките на која ќе бидат сместени неколку камери и сензори, за кои се очекува значајно да придонесат за унпаредување на фотографиите и видеата во однос на неговиот претходник.

Huawei P40 Pro ќе има две камери со големи Sony сензори и две зум камери