Дојавувачот @RODENT950 објави нови детали за камерите на претстојниот Huawei P40 Pro телефон. Главниот модул на задната страна, според наводите, ќе има Sony IMX700 “Hexadeca Bayer” сензор. Ова е грчко име за 16, што најверојатно означува “Quad Quad Bayer” сензор за кој слушнавме во јануари.

Во прашање е голем 1/1.28″ сензор со 52MP резолуција. Ова ќе резултира со снимки од 13 МП, по една рунда бинување и 3.25MP по две рунди (веројатно резервирано за Night Mode). Ултрашироката “cine” камера, исто така, ќе има прилично голем сензор – Sony IMX650 1/1.5″ со 40MP резолуција.

Интересна ќе биде и комбинацијата на две зум камери – перископ со 1x оптичко зумирање и регуларната телефото камера со 3x зголемување. Претстојниот премиум телефон на компанијата Huawei ќе има и Time of Flight 3D и сензор за температура на боите.

Huawei официјално ќе ја претстави P40 линијата смартфони на 26. март.