Galaxy A50 и A30 – Дизајнирани за начинот на кој се поврзуваме денес

Компанијата Samsung ја прикажа новата Галакси A серија, претставувајќи два нови паметни телефони дизајнирани за да обезбедат иновации во индустријата, започнувајќи од портфолиото уреди од средна класа. Галакси A50 (Galaxy A50) и Галакси A30 (Galaxy A30) пристигнувааат со подобрувања на есенцијалнитекарактеристики на уредот, вклучувајќи извонредно доживување при гледањето содржини, подолготрајни перформанси и камера која го доловува светот онака како што корисникот го гледа.

Новата Галакси A серија е дизајнирана според начинот на кој луѓето денес се поврзуваат преку споделување, фотографирање и консумирање на животот. Новата Асерија нуди различни, моќни уреди кои ќе бидат во чекор со овие спонтани, колаборативни интеракции.

Компанијата Самсунг е посветена кон обезбедување назначаен напредок за сите, за подобро мобилно искуство, а оваа иновацијата започнува со дополнетата Галакси A серија. Луѓето го менуваат начинот на кој се поврзуваат, а нивните паметни телефони треба го следат темпото на корисниците. Нашата нова Галакси A серија нуди подобрувања на есенцијалните карактеристики кои ќе ги поддржат овие интеракции во живо преку различни опции,за да ги исполнат постојано променливите корисничкипотреби. изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Извршен Директор на Одделот за ИТ и Мобилни комуникации во Самсунг Електроникс.

Со Галакси A серијата, потрошувачите можат беспрекорно да го искусат Галакси екосистемот користејќи ги клучните услуги како Самсунг Здравје (Samsung Health), Самсунг Плаќање (Samsung Pay), Бигзби (Bixby) и многу други.

Дополнетата Галакси A серија е воведена со објавувањето на два почетни модели.

Галакси А50

Овозможувајќи карактеристики на премиум камера, долготрајна батерија со брзо полнење и Инфинити-У (Infinity-U) екран, Галакси A50 овозможува корисниците да бидатконтинуирано поврзани со нивниот свет.

Галакси A50 овозможува снимање и споделувањефотографии на револуционерен начин со својата тројна камера, дизајнирана за прецизно реплицирање на човечкиот вид.

Корисниците може да го доловат светот без ограничувања со помош на Ултра широката леќа. Заедно со функцијата интелигентно префрлање,камерата на новите уреди сега може да идентификува и да препорача кога да се користи режимот за широккадар.
Главната камера од 25MP креира живописни слики приголема дневна осветленост. Додека пак, во темно,иновативната леќа овозможува јасни снимки со детектирање на повеќе светлина и намалување на шумот. Во комбинација со леќата за длабочина, камерата нуди можност за фокусирање во живо (Live Focus), овозможувајќи му на корисникот да одбере што точно сака да нагласи на фотографијата.
Камерата со Вештачка Интелигенција помага при фотографирање на најдобрата сцена со помош на функцијата за оптимизација на сцени за препознавање и оптимизирање на 20 сцени. Воедно, со функцијата за откривање на недостатоци сите портрет фотографии креирани со оваа камера ќе бидат совршени. ФункцијатаБигзби Визија (Bixby Vision) ја користи камерата заедно со вештачка интелигенција за да помогне при купувањето преку интернет, преведувањето текст и пронаоѓањето информации.
Функцијата Селфи Фокус (Selfie Focus) за суптилно замаглување на деталите во позадината ќе им овозможи на корисниците креирање подобрени “селфи“ фотографии.

Опремен со отклучување со отпечаток од прст на екранот, A50 обезбедува интуитивно отклучување, без менување на држењето на уредот. Новиот Галакси A50 пристигнува соудобен, тенок дизајн и мазна заоблена форма. Овој уред ќе биде достапен во четири нови карактеристични бои: Црна, Бела, Сина и Корална, инспирирана од различната светлина.

Галакси А30

Галакси A30 е уред наменет за оние кои се постојано во движење, опремен со моќна батерија од 4.000mAh која брзо се полни.

Целосниот 6.4 инчен екран со Супер АМОЛЕД Инфинити-У (Super AMOLED Infinity-U) екран овозможува извонреднокорисничко искуство. Овој екран е идеален за играње игри, гледање видеа, истовремена работа на неколку активности и прелистување овозможувајќи им на корисниците да го живеат својот живот во движење без да пропуштат ниту еден момент.

Создаден за беспрекорно мобилно искуство, новиот Галакси A30 вклучува напредни карактеристики на камерата, како двојна камера, вклучувајќи објектив со ултра широк агол, заедно со едноставен, безбеден пристап со помош нафункцијата за задно отклучување со отпечаток од прст(Rear Fingerprint) и интуитивно отклучување со идентификација на лицето (Face Unlock).

За повеќе информации за Галакси A серијата, посетете ги веб-страниците:

http://www.samsungmobilepress.com/,http://www.news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy

Галакси A серија – Спецификации

A50

A30

Дисплеј

Големина / Резолуција

6.4-инчен FHD+ (1080×2340) Super AMOLED

6.4-инчен FHD+ (1080×2340) Super AMOLED

Инфинити Дисплеј

Infinity-U

Infinity-U

Димензија

158.5 x 74.7 x 7.7мм

158.5 x 74.7 x 7.7мм

Дизајн

3D Glasstic

3D Glasstic

Процесор

Quad 2.3GHz + Quad 1.7GHz

Dual 1.8GHz + Hexa 1.6GHz

Камера

Предна

25MP FF (F2.0)

16P FF (F2.0)

Задна

25MP AF (F1.7) + 5MP FF (F2.2) + 8MP FF (F2.2)

16MP (F1.7) + 5MP (F2.2)

Меморија

4 / 6 GB RAM

64 / 128 GB внатрешна меморија

До 512 GB Micro SD

3 / 4 GB RAM

32 / 64 GB внатрешна меморија

До 512 GB Micro SD

Батерија

4,000 mAh

4,000 mAh

Другикарактеристики

Скенер на отпечаток од прст на екранот, Брзо полнење1, Самсунг Плаќање2, Бигзби Визија, БигзбиГлас, Бигзби Хоум, Бигзбипотсетник

Скенер на отпечаток од прст, Брзо полнење1, Самсунг Плаќање2, Бигзби Хоум, Бигзби Потсетник3