Неодамна Google Lens услугата доби можност да анализира физичко мени од ресторан, како и да означи популарни јадења. Оваа можност сега е додадена во Google Maps.
Покрај дигиталните верзии на менијата од ресторан, не е вообичаено луѓето да ги фотографиираат менијата и да ги уфрлаат во Google Maps листинзите. Кога таквите фотографии се гледаат на Android, постои можност да се „истражуваат јадењата“ на дното на страницата. Иконата за Google Lens, исто така, се појавува во долниот десен агол за визуелно пребарување.
Google Lens ќе ги означи популарните јадења со портокалова ѕвездичка, а со притискање на означеното јадење, корисниците ќе можат да гледаат дополнителни информации за јадењето. Тоа е уште една паметна употреба на камерата и паметниот телефон во доменот на проширената реалност.
Интеграцијата на Google Lens се уште не е достапна на iOS уредите.