iPhone X нема само необичен облик на дисплејот, туку и необичен систем на батерии, со уште понеобичен облик.

Како што обично бива, одма по пуштањето во продажба на iPhone X, почнаа тестовите за издржливост и неговото расклопување. Ова последново, покажа дека iPhone X има две батерии во куќиштето, кои ја обликуваат латинската буква L, на тој начин формирајќи прв систем на батерии во модерен телефон.

Вкупниот капацитет на батеријата е 2.715 mAh.