Почетната цена на аукцијата беше 50.000 долари, но набрзо достигна цена од 106.925 долари.
Оригинален и целосно функционален Apple-1 компјутер се најде на аукција, а се очекува дека ќе се продаде за повеќе од 300.000 долари. Овој примерок на компјутерот на Apple од 1976. година има посебна колекционерска вредност, бидејќи е заснован на редок Synertek C6502 процесор, кој се најде само на мал број матични плочи на Apple-1.
Почетната цена на аукцијата беше 50.000 долари, но набрзо достигна цена од 106.925 долари. Следниот износ кој го понуди аукциската куќа е 116.925 долари.
Според аукциската куќа RR Auction, овој компјутер е само еден од двата компјутери, за кои се знае дека преживеале со овој процесор, за разлика од Apple-1 моделите со MOS 6502 микропроцесор, кои ги има повеќе. Synertek C6502 се смета за најредок пример на лиценцирање на 6502 процесорот од 1976. година.
Понудениот компјутер минатата година беше реставриран и доведен во оригинална состојба, а реставрацијата ја изврши познатиот Apple 1 експерт, Кори Кохен. Сопственик на компјутерот е SoftwareHouse, компјутерска продавница од Мичиген, која овој примерок го доби во замена за машината на IBM од 1980. година. Минатата година, сличен компјутер беше продаден за речиси половина милион долари!
Поврзани артикли