Во најновата реклама, која Xiaomi ја објави на социјалните мрежи, компанијата се фали со можностите на 108MP камера на Mi 10 Pro телефонот, која креираше снимки на Земјата од сателит од вселената.
Xiaomi во 2019. година лансираше сателит, кој ја носеше истата 108MP камера, која ја има и Mi 10 Pro. Иако фотографиите изгледаат одлично, сочинуваат само осум секунди од видеото кое трае околу минута и половина. Пораката на рекламата е исто така интересна и гласи: „Гледајте го својот свет во 108 мегапиксели“.
Рекламата, исто така, открива дека Xiaomi се очекува во текот на 2020. година да опслужи 100 милиони корисници ширум светот. Mi 10 и Mi 10 Pro се веќе достапни во Кина, а компанијата ја закажа глобалната објава на телефонот за 27. март.