Редок прототип на Nintendo Playstation конзолата е продаден на аукција за 300.000 долари, плус надомест на купувачите од 60.000 долари. Претходниот сопственик ја купи конзолата во 2009. година за само 75 долари.
Nintendo PlayStation конзолата е резултат на кратката соработка помеѓу Sony и Nintendo од 1992. година. Heritage Auctions тестираше прототип, користејќи Super Famicom кертриџ на Mortal Kombat играта. Дизајнот на конзолата е сличен на Super Nintendo, но е нешто почист. Присутен е и CD-ROM драјв, кој е наменет за покренување на содржината од дисковите и видео игри.
CD-ROM не работеше кога конзолата е пронајдена, но ја поправи Benjamin Heckendorn – YouTube влогер познат по своите поправки на конзолите. Така се CD-ROM-от може да репродуцира музички дискови, како оригиналниот PlayStationa.