Претходните гласини za Pixel 4a телефонот сега се дополнително потврдени со најнови протечени фотографии, кои го откриваат претстојниот буџетски смартфон на компанијата Google.
Pixel 4a прототипот од фотографиите ги исфрла двете камери и сензорот за препознавање на лицето, кои ги има стандардниот Pixel 4, а наместо тоа има поконвенционален сензор за отпечатоци од прсти и една камера на задната страна. Од предната страна се очекува punch-hole камера за селфи фотографии, а Google ќе го задржи и приклучокот за слушалки.
Фотографиите не откриваат детали за она што се наоѓа во внатрешноста на телефонот, но корисниците изгледа ќе мораат да се задоволат со 64GB простор за складирање (кој не е можно да се прошири). Се очекува дека Pixel 4 ќе има 5,7 или 5,8-инчен екран и Snapdragon процесор од средниот сегмент (веројатно од 600 или 700 серијата).
Google Pixel 4A Again
Credits – @raude2210 pic.twitter.com/jDzWCXsIQd— TechDroider (@techdroider) March 8, 2020
Засега не е познато кога Pixel 4a ќе биде претставен, а Google секако нема одреден датум на објава, откако неодамна ја откажа својата I/O конференција, поради проблемите со ширењето на коронавирусот.