На Американската воена морнарица нема да и се допадне сценариото на секој руски брод да биде распоредена хиперсонична противбродска ракета, со што и помалите ракетни бродови ќе можат да потопат американски капитални бродови, објави „Нешенел интерст“ (The National Interest).
Американскиот весник потсетува дека Русија во јануари ги изврши првите бродски вежби со помош на ракетата Циркон. Фрегатата Адмирал Горшков гаѓаше од акваторијата на Баренцово Море копнени цели на воениот полигон со ракети Циркон.
Еден месец пред воената вежба, што се одржа во декември 2019 година, директорот на Обединетата корпорација за бродоградежништво Алексеј Рахманов изјави дека новите руски бродови ќе бидат во можност да истрелуваат хиперсонични ракети, меѓу кои и Циркон и Калибард.
„Нешенел интерст“ наведува дека ракетите Циркон можат да погодат мета на оддалеченост до 1.000 километри, а развиваат брзина од осум или девет маха.
Весникот истакнува и дека опасноста од ракетите Циркон е доволно голема за да се загрижи и Велика Британија, бидејќи системите за противвоздушна одбрана на нивниот носач на авиони Кралица Елизабета не можат да ги запрат руските хиперсонични противбродски ракети.
Според авторот на текстот руската флота во моментот располага со околу 30 разорувачи и фрегати, 50 корвети и 30 помали ракетни бродови. Катерот Тарантула од 500 тони би можел со Циркон или слично оружје да потопи американски крстосувач, па дури и носач на авиони.
– Но САД имаат предност во областа наведување и координација, наведува „Нешенел интерст“.
Весникот посочува и дека во мал воден простор, во близина на рускиот брег и со поддршка од радари и авиони, руските бродови опремени со Циркон може да оствари извонредни мерки.