Информациите кои што ги имате во вашиот паметен телефон веројатно ги гледа уште некој, благодарение на малверот кој што е сокриен во вашиот уред уште пред истиот да стане ваш.

Американските истражувачи откриле голем број безбедносни недостатоци кај паметните телефони. Малверите често се инсталираат пред телефонот да биде купен и просечниот корисник не може да направи ништо во врска со тоа.

Поголемиот дел од корисниците се свесни дека нивниот телефон е изложен на напади и дека треба да внимаваат при подесувањето и кога примаат и испраќаат информации, како и кога преземаат одредени апликации, но ретко кој може да претпостави дека новите мобилни телефони, од фабрика излегуваат со веќе инсталиран „шпионски софтвер“.

Вашиот телефон најверојатно има невидлива апликација која на администраторот му овозможува да има одредени привилегии, да прави работи за кои корисникот нема поим и кои не може ниту да ги види ниту пак да ги исклучи.

Таа апликација исто така може да испраќа одредени информации на оддалечени сервери во текот на ноќта кога сопственикот на телефонот спие или пак кога телефонот е исклучен, тврдат Анџелос Ставр и Рајан Џонсон од американската компанија Kryptowire кои за ова зборувале во месец февруари на конференцијата во Бона.

Извор: Telegraf.rs