Creative Hub во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Скопје и Делегацијата на Европската Унија го организира првиот креативен хакатон – “Creathon”.

Креативци ( графички дизајнери, веб дизајнери и маркетери ) ќе работат на создавање стратегии за подобрување на дизајнот, веб страната и маркетинг стратегијата на мали и средни бизниси кои преку своите производи и услуги го промовираат културното наследство на земјата.

“На заедничка иницијатива со Амбасадорот на Р.Словенија во Македонија г-дин Јазбец сакаме да помогнеме на бизниси кои го промовираат културното наследство на земјата, како охридски бисер, филигран, па дури и мала винарија која произведува вино и промовира македонски производи. За таа цел формиравме тимови од студенти од Академиите на графички и веб дизајн и Академијата за маркетинг и пр на Creative Hub кои заедно со ментори од Скопје и Љубљана 45 дена ќе работат на стратегии и дизајни за подобро претставување на овие компании кои го промовираат културниот туризам на земјата. Накратко, креативното знаење на нашите студенти ќе го ставиме во функција на реална поддршка на оние кои ја промовираат културата на нашата земја” изјави Аријана Коскарова од Creative Hub.

Креатонот кој ќе трае 45 дена ќе помине низ три фази, а со креативците ќе работат ментори од Creative Hub, но и од Академијата за Ликовни Уметности во Љубљана кој имаат за цел преку современи Design Thinking методи да ги насочат групите на создавање на оригинални и функционални стратегии за промоција на културниот туризам.

Во првата фаза на проектот 15 студенти од Академијата за графички дизајн на Creative Hub, Академијата за веб дизајн на Creative Hub и Академијата за маркетинг и пр на Creative Hub ќе работат на истражување на пазар. По селектирањето на 5 компании од областа на промоција на културниот туризам тимовите ќе имаат 30 дена да изработат стратегија и 10 ментори ( од областа на брендирање, адвертајзинг стратегија, фотографија, веб дизајн, UX I UI design, дигитален маркетинг) од Скопје и Љубљана со кои ќе работат за време на проектот.

На 14 ноември завршните дизајни од проектот ќе се презентираат на Самитот за креативни индустрии во Љубљана, а недела подоцна и во Скопје.

Овој е прв проект кој ќе има целосен пренос од процесот на имплементација во живо на

на Фејсбук страната на Creative Hub Macedonia како и на веб страната – www.creativehub.mk .